Мултинационална компанија, што веќе има инвестирано во Македонија, следната недела ќе започне со изградба на нова фабрика во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1. Вкупната нова инвестиција на компанијата, чие име премиерот не го соопшти, ќе изнесува 10 милиони. Покрај ова, кон крајот на мај или почетокот на јуни почнува со работа компанијата „Кенет електроник", а во тек се подготовки и за старт на фабриката на „Технокозе" од Италија. Истовремено, бројна катарска бизнис делегација, составена од преставници на повеќе компании како „Катар петролеум", „Катар диар", „Катар холдинг" пристигна во Македонија за да ги испита можностите за инвестиции.
Мултинационална компанија, што веќе има инвестирано во Македонија, следната недела ќе започне со изградба на нова фабрика во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1, најави премиерот Никола Груевски.
Вкупната нова инвестиција на компанијата, чие име премиерот не го соопшти, ќе изнесува 10 милиони.
Покрај ова, кон крајот на мај или почетокот на јуни почнува со работа компанијата „Кенет електроник", а во тек се подготовки и за старт на фабриката на „Технокозе" од Италија.
Истовремено, бројна катарска бизнис делегација, составена од преставници на повеќе компании како „Катар петролеум", „Катар диар", „Катар холдинг" пристигна во Македонија за да ги испита можностите за инвестиции.
„Тие сега треба да извршат проценка бидејќи политичкиот сигнал е пратен. Премиерот на Катар, емирот на Катар, испратија јасен политички сигнал дека државата Катар сака да инвестира во Македонија и сега треба да се најдат профитабилни проекти. Тие обично бараат покрупни проекти, а од таа гледна точка ние сме подготвени", изјави Груевски, за време на посетата на Геронтолошкиот завод во Скопје.